Видео: Путин не им попуштај на Американците, ако треба имаме нуклеарки
Објавено во: Свет 11 Април, 2018
Доколку дојде до сериозна воена интервенција на американската армија врз режимот на Башр ал Асад во Сирија по наредба на претседателот Трамп, Русија ќе биде ставена во многу тешка положба да се повлече и да прифати своевиден пораз од кампањата на Блискиот исток иако значително придонесе во уништувањето на речиси сите боречки упоришта на џихадистичката и терористичка организација ИСИС.
САД веќе ги распоредува своите најмоќни воени бродови, како и авионски носачи од каде ќе се изведат многу силни воздушни и ракетни напади врз сириската армија над која контрола и натаму има Асад, а под претпоставка дека тие извршиле напад со хемиско и смртоносно оружје врз цивилите.
Воениот експерт Михаил Ходанерок му порача на рускиот претседател Владимир Путин да не им попушта на Американците, а ако дојде до воен судир можно е и избивање на нуклерана војна, сценарио кое не го посакува никој.
Според Ходанерок, каква и да е одлуката на Русија таа ќе биде многу тешка, бидејќи директна конфронтација со западните сили може да биде многу опасна, но и да не се преземе ништо ќе значи тотално отстранување на влијанието на Путин на Блискиот исток и губење на позициите за своите стратешки интереси.
Секако, се уште постои простор за наоѓање на компромис меѓу САД и Русија за начинот на кој ќе се постапи со Башр ал Асад и транзицијата на власта во Сирија, но опасноста засега е огромна.