07 Декември, 2025
0.0380

(ВИДЕО) Само во Русија: Што може да прават нуркачи со елка и шампањ?

Објавено во: Стил 28 Декември, 2014 19:50

Добивај вести на Viber

Нуркачите на руската далекуисточна територија одлучиле малку порано да го прослават доаѓањето на новата година. Облекле нуркачки одела, нурнале до дното на замрзнатиот залив, поставиле елка, играле оро околу неа и пиеле шампањ.

Нуркачите морале да го скршат ледот кој почнал да се создава на површината. Пред тоа украсиле елка, а тогаш со неа се спуштиле на дното.

„Чуството е сјајно, видливоста е добра, а температурата на водата е околу минус еден степен. За неколку дена заливот целосно ќе се замрзне“, рекол за „Раша тудеј“ еден од нуркаќите.

Кога се нашле на дното и ја поставиле елката, го отвориле шампањот и се напиле по малку. Тогаш се фатиле за раце и ограле околу елката.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: