08 Мај, 2024
0.0224

(ВИДЕО) „Samsung“ го претстави новиот „S6 Edge Iron Man“

Објавено во: Стил 26 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

„Samsung Electronics“ ја претстави лимитирана серија телефони „Galaxy S6 Edge Iron Man“.

Ова е уште еден обид на компанијата да ги промовира своите смартфони со закривен екран.

64-Гигабајтниот уред располага со панел во црвена и златна боја, и ja вклучува сликата на „Iron Man“. Телефонот има и безжичен полнач.

„Лимитирана серија на „Iron Man Galaxy S6 Edge“ ја оцртува силата на иконите на одмаздници со двојно модерен дизајн и напредни функции, кои ќе им обезбедат на љубителите на „Marvel“ страшно искуство“, тврди извршниот потпретседател на единицата на „Samsung Electronic“ за маркетинг.

Телефонот ќе биде пуштен во Кореја на 27-ти мај, а во јуни ќе се појави во Кина и Хонг Конг.

Бизнисот со смартфони на „Samsung“ се бори со жестоката конкуренција од страна на „Apple“ и најевтините кинески уреди, и еве зошто таа се надева дека „Iron Man Galaxy S6 Edge“ ќе помогне да се создаде интерес за нејзините предлози.

„Ако некој сака да му го купи новиот „Iron Man Samsung S6“, ќе го сакам вечно“, пишува корисник на „Twitter“.

„Изгледа многу кул! Иако никогаш не би си купил телефон на Samsung“, коментираат други корисници по социјалните мрежи.