06 Мај, 2024
0.0229

(ВИДЕО) „Scanner Pro 6“ за „iOS“ го прави скенирањето на документите уште полесно

Објавено во: Стил 06 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Скенирањето на документи со телефон веќе не е толку невообичаено, иако сеуште не е меѓу најчестите карактеристики на уредите. Ако треба да скенирате нешто сепак, изборот навистина не е богат - мора да имате скенер или да се потпрете на алтернативни уреди. Најновата верзија на апликацијата „Scanner Pro“ за „iOS“ ветува беспрекорни резултати и некои статистики кои ќе го направат скенирање полесно.

Апликацијата автоматски ги препознава аглите на листовите и го позиционира правилно листот, па на вас да не ви се наметнува да внимавaте многу. Исто така можете да се потпрете на автоматската промена на контрастот, па документот може да се чита максимално добро, барем колку што овозможува осветлувањето на просторијата во која се наоѓате.

„Scanner Pro“ може автоматски да сними што има пред екранот и на вас не ви се наметнува да притискате дуруги копчиња за слики, а потоа ќе добиете порака за обработен документ. Апликацијата обезбедува и интеграција со услуги како „Dorpbox“, „Google Drive“, „Evernote“ и слично. Цената е 3,49 долари, а ако веќе го имате инсталирано, новата верзија ќе ве чини 2,99 долари.