(ВИДЕО) Шведски политичар со шокантна изјава за муслиманите
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2017
Мартин Стрид, припадник на Шведски демократи (СД) предизвика реакции во земјата со изјавата дека муслиманите не се сосема луѓе.
Тој на национална конференција на партијата кажа дека постои скала на човечност од 1 до 100, но дека муслиманите не се 100% луѓе.
„На едниот крај на таа скала вие сте 100% луѓе, личности, со сѐ што е дел од тој концепт. Од другата страна вие сте 100% мухамеданци. Сите муслимани се некаде на таа скала. Доколку сте поранешен муслиман, сте минале голем дел од патот кон тоа целосно да станете човек“- кажа Стрид.
Тој рече дека сака „да ги ослободи муслиманите од исламот“, како и дека борците на Исламска држава се „100% мухамеданци“.
Овој говор на шведскиот политичар се најде во фејсбук групата „Не сум расист, но...“.
Партијата СД се огради од коментарот на Стрид, а високи функционери на партијата го оценија говорот како „расистички“ и најавија дека тој ќе биде исфрлен од партијата.