(ВИДЕО) „Скриениот бисер на Медитеранот“ виден низ камера на француски блогери
Објавено во: Балкан 02 Јули, 2017
Французите Полин и Бенуа се познати „травел“ блогери во својата земја. Својата приказна, фотографии и видео записи од бројни патувања, од 2013 година ги објавуваат на својот сајт и на социјалните мрежи.
Тие двајца во мај, во рамки на официјалната онлајн кампања за промоција на црногорскиот туризам, престојувале во таа земја.
Полин и Бенуа, Црна Гора на својот сајт ја опишале како земја со единствени природни контрасти и убавини , нарекувајќи ја „скриениот бисер на Медитеранот“.
Видеото кое го снимиле најдобро доловува колку им се допаднало што се виделе и доживеале.