(ВИДЕО) СПЛИТ КАКО ВЕНЕЦИЈА: Oбилните дождови ги поплавија улиците
Објавено во: Балкан 03 Декември, 2020
Хрватскиот град Сплит е под вода по рекордните врнежи од дожд.
За 24 часа во Сплит и околината наврнале 120 литри дожд на метар квадратен, што е повеќе од просекот за целиот декември, објави хрватскиот Државен хидрометеоролошки институт. До пладне, пожарникарите во Сплит имале околу 20 интервенции за испумпување вода од подруми и приземја.
Од вчера земјата е под снег. На некои места има обвивка над 15 сантиметри.