(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски бара помош за три изгорени куќи во Злокуќани
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021
Една од куќите во која избувнал пожарот е целосно уништена со целата покуќнина.
„Апелирам до граѓаните да помогнат согласно своите можности, а на оштетеното семејство му понудив привремено сместување додека не се санира нивниот дом.
Предупредувам дека доаѓа тешка зима и стравувам дека е можно да се повторат вакви немили настани, па затоа апелирам до сите граѓани да бидат крајно внимателни при користењето на електричната енергија“, додава градоначалникот на Карпош.