(ВИДЕО) Страшна несреќа: ПОЖАР принуди две жени да скокнат од шести спрат
Објавено во: Балкан 07 Март, 2018
Две жени се сериозно повредени поради тоа што скокнале од шести спрат од хотел во Измир, откако избувнал пожар во самиот хотел, објавија турските медиуми.
Тие скокнале на автомобил паркиран пред хотелот, а другите гости се безбедно евакуирани, пренесе приватната агенција Доган.
Медимуите објавија дека пожарот е брзо ставен под контрола, а засега не се познати причините за него.
Корисници на Јутјуб постираат и снимки за кои тврдат дека го прикажуваат страшниот момент кога пламените ги принудиле двете жени да скокнат од прозорецот на шести кат.