(ВИДЕО) СТРАВ ОД НОВИ ПОТРЕСИ: Стравични снимки од земјотресот во Јапонија
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2016
Властите во Јапонија ги укинаа сите предупредувања за цунами седум часа после силниот земјотрес кој покрена средни цунамски бранови.
Како што пренесоа светските агенции повредени се неколку десетици луѓе, а евакуиран се повеќе стотици.
Синоќа Јапонија беше погодена од силен земјотрес на источниот брег.
Источниот брег на Јапонија го погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер, а наместо најавените бранови до висина од три метри, кои оделе кон префектурата Фукшима, во таа област се видени бранови до еден метар висина. Tsunami pushes up the Sunaoshi River in Tagajō, Miyagi, this morning: pic.twitter.com/orFUQ9EpmZ (via @jerotter)
Надлежните ги повикаа граѓаните да бидат внимателни зошто се можни нови силни потреси во наредните денови.
Погледнете ги видеата: