(ВИДЕО) СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА КАЈ НИШ: Воз удри во автобус и го преполови-има жртви
Објавено во: Балкан 21 Декември, 2018
Утринава кај Ниш се случила стравична сообраќајна незгода во која загинале најмалку пет луѓе.
Воз удрил автобус , во настраданите има и деца, а повеќе од 30 се повредени.
Неофицијално повеќе од 10 се животно загрозени. Во ургентниот центар во Ниш подлегнале на повредите 15 годишно дете и 42 годишна личност.
Низ ходниците на болницата е хаос, ужалени семејства се надвор од себе, а еден маж кој им помагал на повредените наглас викнал дека од автобус извлекол здробено женско тело.
Ужасни глетки има на местото на несреќата.
Фото: Курир.рс