(ВИДЕО) СВЕТСКО ЧУДО: Дали би се осудиле да се повозите со овој лифт
Објавено во: Свет 28 Октомври, 2018
Кинескиот лифт Баилонг е највисок надворешен лифт во светот, а благодарение на тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Се наоѓа во Националниот парк Жангџијаје, а неговото име значи „Лифт на 100 змејови“. Баилонг се спушта и крева покрај работ на карпа висока околу 325 метри.
На лифтот му е потребна околу минута да се искачи до врв. За тоа време, луѓето во него може да уживаат во неверојатни глетки на околната природа бидејќи ѕидовите се стаклени.