07 Мај, 2024
0.0242

(ВИДЕО) Тајни на дното на Охридското Езеро: Откриени потонати бродови

Објавено во: Стил 30 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Бисерот на Балканот Охрид уште еднаш докажа дека содржи непроценливо богатство и крие тајни на дното од езерото.

Во рамки на Проектот за пренуркување на езерото се откриени остатоци од воен авион од Втората светска војна на дното на езерото.

Покренувач на овој проект е меѓународиот нуркачки инструктор Милутин Секуловски кој вели дека локацјата на авионот е е во делот на потегот кај Поградец.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/zwbxTMC1lF0[/embed]

Секуловски посочил дека за овој авион имало и претходно сознанија, а тие само ги документирале.

Остатоци од воен авион од Втората светска војна биле пронајдени на дното на Охридското Езеро во рамки на Проектот за пренуркување на езерото, кој во текот на изминатиот период беше спроведен од страна на меѓународиот нуркачки инструктор Милутин Секуловски.

„Иако постоеја информации од албанската страна дека тоа е германски авион, ние утврдивме дека станува збор за авион кој припаѓал на англиското воено воздухопловство. Но сепак кога ќе се погледне под вода не се гледа целосен авион, туку само делови од тој авион“, појасни Секуловски.

Пронајдени се и еден потонат брод и други пловни објекти, кои пак датираат од  Првата светска војна.

Целиот крајбрежен појас на езерото и од македонска и од албанска страна, Милутин заедно со неговите колеги од Албанија го пренуркале за 92 дена во должина од 80 км.

-Во рамки на пренуркувањето фотографиравме, снимавме и позициониравме места односно локации кои и по завршување на проектот ќе бидат од интерес на научната јавност. Најдовме доста интересни работи, на пример документиравме неколку праисториски населби, локациите Врбник кај Струга, Бучиезе во Албанија, Надол кај Трпејца, праисториската населба кај Градиште. Најдовме и големи колонии на европскиот слатководен рак и слатководниот крив рак, кој на одредени места живеат и во заедници, на длабочина од 8 до 15 метри, раскажува Секуловски.

Како интересен детал, Секуловски ги издвои подводните извори кои ги документирале кај манастирот во Калишта на длабочина од пет до осум метри.

Вели дека биле слични на оние кај Свети Наум и истите исфрале голема количина на вода која била многу интересна за разгледување.