06 Мај, 2024
0.0234

(ВИДЕО) Тепачка меѓу пратеници во Јужна Африка

Објавено во: Свет 10 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Говорот на јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, кој е под притисок на опозицијата затоа што го повикувa да поднесе оставка, деновиве предизвика општ метеж во парламентот. 

Имаше исфрлање на пратениците кои се обидоа да го спречат говорот на шефот на државата.

Триесетина припадници на обезбедувањето на парламентот ги исфрлија опозициските пратеници од партијата на радикалната левица Борци за економска слобода (EEF). Тие цел час го попречуваа обраќањето на претседателот на земјата, Џејкоб Зума.

„Пред нас седи непоправлив човек, расипан до сржта“- изјави челникот на EFF, Џулиус Малема алудирајќи на претседателот Зума.

Во март лани,  судот утврди дека шефот на државата го прекршил уставот кога министерството за финансии му го платило реновирањето на неговата приватна резиденција во КваЗулу-Натал, на истокот од Јужноафриканската Република. Оттогаш Зума врати само незначителен дел од вкупната сума.


По кавгата во парламентот, на работ на тешка физичка пресмета, пратениците на главната опозициска партија Демократски сојуз, во знак на протест го напуштија парламентот.

Во 75-та година од животот Зума има пет сопруги. Тој ѝ припаѓа на Зулу заедницата во чијашто култура мажите често во својата поодмината возраст се женат за уште една жена, најчесто тоа е помлада  сестра на една од повозрасните сопруги.

Во оваа култура одговорноста за грижата за мажот во неговите старечки денови паѓа на последната сопруга. 

Зума има дваесетина деца и се женеше шест пати. Сите негови сегашни сопруги живеат на сметка на државата.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук