04 Мај, 2024
0.0275

(ВИДЕО) Трета епизода од „Фчерашни новости“ – на тапет здравство, образование, мега проектот …

Објавено во: Стил 10 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Трета недела по ред тимот на Бранко Огњановски ја собира публиката на „Телма“, веднаш после вечерните вести. Во третата епизода на „Фчерашни новости“ на тапет се најдоа здравството, образованието, новиот мега проект и уште многу прилози кои веќе се прераскажуваат, но најдобро е да се погледнат.

Третата епизода на „Фчерашни новости“ веќе може да се погледне и на официјалниот канал на „Јутјуб“.

https://www.youtube.com/watch?v=bWleMLeFG5U

Следната епизода, пак, веќе се снима. Сите фотографии и тизери од снимањата може да ги погледнете на

Фејсбук:  https://www.facebook.com/FcerasniNovosti/

Инстаграм: https://www.instagram.com/fcerasninovosti/

„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од  Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.

Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.

„Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици.