(ВИДЕО) УШТЕ ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО НОВ ЗЕЛАНД: Погледнете како изгледа од птичја перспектива!
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2016
Два силни земјотреси погодија денес различни делови од Нов Зеланд, а засега нема извештаи за евентуални жртви ниту материјална штета.
Ова видео е напревено со дрон, а го објави британски Телеграф.
Првиот земјотрес со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер се почуствувал кај брегот на Северниот остров околу 13.20 часот по локално време. Епицентарот бил околу 200 км североисточно од главниот град Велингтон, на длабочина од 10 км, соопшти Американската геолошка служба.
Околу пет часа подоцна, Јужнот остров го погодил земјотрес со магнитуда од 5,3 степени, со епицентар на 78 км североисточно од Крајстчерч, на длабочина од 4 км. Веројатно во прашање биле дополнителни потреси после силниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтер, кој минатата недела го погоди Нов Зеланд и предизвика помало цунами. Во тој земјотрес загинаа две лица и е причинета голема штета.