04 Мај, 2024
0.0262

(ВИДЕО) Ветерници стари илјада години работат и денес

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во селото Наштифан во североисточен Иран, живее Мохамед Етебар, последен чувар на античката традиција.

Животот го посветил на чување на овие историски ветерници. 

Тој не е сигурен дека младите во иднина ќе продолжат со оваа традиција, која ова место го претвори во важна дестинација на туристичката мапа. 

„Чистиот воздух ги движи ветерниците, истиот оној ние што го дишеме“ - вели Етебар. 

Направени од слама, глина и дрва овие млинови на ветер постојат над 1000 години. 

Наштифан е познат по силни ветрови, а во 2002 година во земјата ветерниците се признаени како државно наследство.