29 Април, 2024
0.0363

(ВИДЕО) Воена парада во Париз, но и апсење на „Жолтите елеци“

Објавено во: Свет 14 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Уапсени се 152 лица за време на воената парада во Париз.

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговото појавување на Шанзелизе во командниот воен автомобил, беше исвиркан од „Жолтите елеци” присутни на познатата авенија. Потоа почнаа тензиите меѓу демонстрантите и полицијата, при што 152 лица беа уапсени, јави дописникот на МИА.

На маргините на одбележувањето на францускиот национален празник, во Париз избија судири меѓу „Жолтите елеци” и полицијата на авенијата Шанзелизе, кратко време по завршувањето на воената парада по повод Денот на падот на Бастилја.


За време на судирите е употребен и солзавец, а потоа следеле и апсењата. „Жолтите елеци” се обидувале да се искачат на барикадите и да ја окупираат авенијата Шанзлизе.

Уапсените се наоѓаат во притвор поради „организирање нелегални протести, соопшти канцеларијата на парискиот обвинител.

На свеченото дефиле на армијата на Франција  пред Елисејските полиња покрај домаќинот францускиот претседател Емануел Макрон присуствуваа и германската канцеларка Ангела Меркел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот во заминување на Европската комисија Жан Клод Јункер, британскиот вицепремиер Дејвид Лајдингтон и други угледни гости.

Можеби ќе ве интересира

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

АКО НЕ УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ТОГАШ КОЈ: Седум имиња во трка за прв човек на Европската комисија?

АКО НЕ УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ТОГАШ КОЈ: Седум имиња во трка за прв човек на Европската комисија?

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ИТАЛИЈАНСКА СЕСТИЕРЕ ПОД 56 САНТИМЕТРИ СНЕГ: Деновите што доаѓаат се најавуваат нови обилни врнежи

ИТАЛИЈАНСКА СЕСТИЕРЕ ПОД 56 САНТИМЕТРИ СНЕГ: Деновите што доаѓаат се најавуваат нови обилни врнежи