05 Мај, 2024
0.0243

(ВИДЕО) Живеат по 120 години, раѓаат на 65, и не знаат за тумори!

Објавено во: Стил 18 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Припадниците на Хунза народот секогаш се насмеани, живи и силни. Изгледаат толку младолико што многумина се шокираат од нивните години. Јадат многу кајсии...

Тие како да се од некоја друга планета, но не се. Народот на Хунзите живее на планините на северен Пакистан, и ги има околу 87.000, а посебни се по тоа што живеат просечно 100 години, но многу од нив без проблеми доживеат и 120. Поединци живееле и по 160 години. Ретко се болни, не знаат што се тоа тумори, многу младолико изгледаат, а нивните жени раѓаат и на 65 години.

kajsii

Тие се жив доказ како исхраната и начинот на живот влијаат на човекот. Хунзите се бањаат во студена вода, дури ако е под нула. Јадат само она што ќе го одгледаат. Се хранат со свежо овошје и зеленчук, ореви, јадат многу суви кајсии, различни житни култури (главно, просо, леќа и јачмен), мешунки и помалку сирење, млеко и јајца.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/b3W4rWcQIDE[/embed]

Многу одат, малку јадат

За нив не постои меѓуоброк, само доручек и ручек. Се движат многу, дури 15 до 20 километри дневно. Месо јадат многу ретко, два пати годишно јадат малку јагнешко или пилешко. Исто така, многу се смееат.

PAK-377

Еден дел од годината не јадат ништо во период помеѓу два и четири месеци туку пијат сок од сушени кајсии.

Тоа кај нив е традиција од дамнина која многу ја почитуваат, а се одвива во период кога овошјето уште не е зрело. И лекарите се сложуваат дека токму нивната исхрана и период на гладување се заслужни за доброто здравје и долговечност.

Имено, навиката на конзумирање големи количини кајсии можеби е најзаслужна во заштита од тумори. Семките од кајсии се богати со Б-17 витамин кој влијае антиканцерогено, а тие од семките прват масло. Но, се работи за мали дози кои во спротивно може да бидат опасни по живот. Таму дури е престиж кое семејство има повеќе стебла на кајсии на своја земја. За жал, денес и меѓу нив доаѓа индустриска храна и се појавиле кариес и тешкотии во системот за варење, што претходно не ги знаеле.

Овој издржлив народ за себе вели дека се потомци на Александар Велики и неговата војска. Некои од нив во времето на освојувањето останале во нивните села и се ожениле. Медиумите во 1984 година пишувале за Саид Абдул Мобуд од народот на Хунзите кој дошол на лондонскиот аеродром и ги збунил службениците покажувајќи им го пасошот. Во него пишувало дека е роден во 1832 година.