28 Април, 2024
0.0266

(ВИДЕО) Жртвите на нападот во Стокхолм станаа четири, приведен атентаторот

Објавено во: Свет 08 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Шведската полиција уапси уште еден човек за време на истрагата на нападот во Стокхолм, соопшти локалниот весник „Експрес“, цитиран од светските медиуми. 

Во меѓувреме жртвите на нападот со камион од вчера попладне станаа четири. Апсењето на вториот човек е извршено во севернотопредградие Јолста. На местото на операцијата имало 10 полициски автомобили. Мажот бил окован во лисици и однесен во полициска кола. 

Шведските власти тврдат дека вториот уапсен под „сомневање за терористички злосторство“ е возачот на камионот, пренесе AFP. „Претпоставуваме дека човекот кој е уапсен, е сторителот на нападот“, изјави портпаролот на полицијата во шведската престолнина Ларс Бустром. Првиот приведен од полицијата во истрагата за нападот во Стокхолм изјавил дека ја симпатизира радикалната група „Исламска држава“, додава локалниот весник „Афтонбладет“. 39-годишниот маж беше уапсен вчера од полициска патрола во предградието на Стокхолм Мешта. Тој е државјанин на Узбекистан. Не е познато од кога живее во Шведска. 

Претходно се појави видео на YouTube од очевидци од апсењето на првиот учесник во нападот.


Меѓународната заедница остро реагираше на нападот. 

„Нашите мисли се со луѓето во Стокхолм, со настраданите, нивните блиски, спасувачите и полицијата. Стоиме заедно во борбата против тероризмот“, изјави во социјалната мрежа Twitter прес секретарот на германската канцеларка Ангела Меркел. “Срцето ми е со Стокхолм ова попладне. Моите мисли се со жртвите и со нивните семејства и пријатели по денешниот ужасен напад“, напиша претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на личната страница на Twitter. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјавил дека „напад врз која и да е земја членка на ЕУ е напад врз сите нас“ и дека Шведска може да смета на помош на Унијата. “Стокхолм е еден од најпознатите живи и шарени градови и е повреден од оние кои сакаат да го повредат нашиот начин на живот“, додаде тој.

Министерството за надворешни работи на Молдавија цврсто го осуди терористичкиот акт во Стокхолм, при што загинаа четири лица. Министерството изразило солидарност со шведските власти, длабоко жалење за загубите на човечки животи, како и сочуство кон семејствата кои тагуваат . Од таму го посочиле цврстото ангажирање на Молдавија кон борбата против сите форми на екстремизам и изразиле подготвеност да се зајакнат меѓународните напори во борбата против него.

„Се надеваме дека одговорните за нападот ќе бидат брзо изведени пред правдата“, е коментарот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Прес-секретарот на Стејт департментот на САД Марк Тоунер  го осудил „бруталниот и бесмислен напад“ во Стокхолм. „Нападите како овој што има за цел ширење страв, всушност ја засилуваат нашата намера да се бориме против тероризмот во светот“, рече тој. 

Можеби ќе ве интересира

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец