04 Мај, 2024
0.0316

(ВИДЕО+ФОТО) ГОДИШНИЦА ОД 5 ОКТОМВРИ: Замина Слободан Милошевиќ, но дали нешто се смени?

Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во Србија се навршуваат 17 години од симнувањето од власт на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ. 

Одбележувањето на петтооктомвриските демонстрации веќе скоро и да не постои.

Според српските медиуми, 5 октомври помалку претставува некаков празник, а многу повеќе симбол на прокоцкана доверба и неисполнети очекувања.

За помладите генерации тој датум нема некаква вредност, додека за повозрасните 5 октомври е можност да се потсетат каде се наоѓале, што правеле и на што се радувале во таа 2000 година, но и што очекувале, а што добиле на крајот од масовните собири против Милошевиќ.


За политичарите 5 октомври претставува идеална сцена.

Актуелен претседател на Србија и лидер на најмоќната партија во земјата СНС е Александар Вучиќ, некогашен министер во владата на СПС-СРС-ЈУЛ, а денес на власт е и портпаролот на Милошевиќ - Ивица Дачиќ, потоа Александар Вулин, но и еден од лидерите на ДОС - Расим Љајиќ.

Во 2016 година сегашниот министер за одбрана Александар Вулин и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ зборуваа за петтооктомвриските демонстрации како за нешто кое на српскиот народ „не му донело ништо добро“, додека лидерите на сегашната опозиција главно молчеле. 

Протестите на 5 октомври почнаа затоа што Милошевиќ одби да ги признаe резултатите од изборите за претседател на СР Југославија од 24 септември 2000 година, на кои изгуби од кандидатот и лидер на Демократската партија на Србија, Војислав Коштуница.

Демонстрантите пристигнаа во Белград од цела Србија, со автобуси, автомобили и со камиони во колони долги десетина километри. Тие со булдожери ги пробиваа полициските блокади на патиштата и се собраа пред Сојузното собрание во центарот на градот.

Во вечерните часови, од терасата на градското собрание на Белград, на граѓаните им се обрати новиот претседател на СРЈ, Војислав Коштуница, а следниот ден, 6 октомври, Милошевиќ го призна избориниот пораз и му честиташе на Коштуница.

Милошевиќ беше уапсен во април 2001 година, под обвинение за финансиски малверзации. Два месеци подоцна беше испорачан на Хашкиот трибунал каде му беше судено за геноцид во Босна и Херцеговина, како и за воени и злосторства против човештвото во Хрватска и на Косово.

Тој почина на 11 март 2006 година од инфаркт, во притвор на Хашкиот трибунал. 

Сепак, српските медиуми на овој ден прашуваат дали во овие 17 години нешто се промени. 

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни