(ВИДЕО)ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ВАКЦИНА ГО ЧИНЕЛО ЖИВОТ: епидемиолог пронајден мртов
Објавено во: Свет 06 Април, 2018
АТЛАНТА: Телото на врвниот епидемиолог, Канингем кој работел во Центарот за контрола и превенција од болести во Америка е пронајдено мртво во река во близина на неговото живеалиште. Тој бил пријавен како исчезнат од февруари годинава.
Телото е пронајдено од риболовци.
„Затоа што истрагата е во тек, немаме доказе кои би укажале на несреќен случај, самоубиство ниту што било друго освен дека Канингем се удавил“, извести окружниот медицниски вештак Јан Горнијак.
Се работи на откривање на било каква криминална активност поврзана со смртта на познатиот епидемиолог.
Граѓанска група која се бори против криминал нуди награди од 15.000 долари за било каква информација која би укажала на некаква криминална активност. Се знае дека Канингем го проучувал зика вирусот, грипот и еболата. Вакцината против грипот ја нарече катастрофа и силно се бореше против нејзина употреба. На нејзиното проучување работеше последно.