26 Април, 2024
0.0367

Викенд Медиа Фестивал оваа година во Ровињ, од 24 до 27 септември

Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Ќе се одржи ли и оваа година Викенд Медиа Фестивал? Да!

Септември оваа година повторно ќе го одбележи најдобриот Викенд во годината!

Викенд Медиа Фестивал продолжува понатаму! И оваа година, во период од 24 до 27 септемвриво Ровињ,Викенд Медиа Фестивал(Weekend Media Festival)ќе ги обедини водечките експерти од областа на медиумската индустрија. Под слоганот „I love Weekend“, фестивалот ќе ги одбележи љубовта, поврзаноста и пријателството, кои во оваа 2020 година ни станаа повеќе потребни од било кога до сега.

Возбудени сме и навистина ни е драго што и оваа година ќе уживаме во одличните предавања и врвните забави како што ги има само во рамки на Викенд Медиа Фестивал.Особено сме насочени кон грижата за безбедноста на сите присутни. Редовно и внимателно ги следиме упатствата на надлежните институции и органи од областа на Јавното Здравство и се придржуваме кон пропишаните препораки – сè со цел да овозможиме максимална безбедност за сите посетители, нагласи Томо Рицов, Директор на Фестивалот.

Овогодинешното издание на најголемиот регионален медиумски фестивал, веќе традиционално, ќе ги обедини сите заинтересирани за медиумската индустрија, а особено е значајно што Викенд Медиа Фестивал ќе биде еден од првите фестивали од големи размери кои ќе се одржат по олабавувањето на епидемиолошките мерки предизвикани од пандемијата на корона вирусот Ковид-19.

Сите најдобри забави биле во најлудите времиња и затоа сигурни сме дека ова ќе биде најдобар Викенд до сега. Покрај тоа, подготвивме врвна програма која нема да сакате да ја пропуштите, објаснува Никола Врдољак, Програмски Директор на фестивалот

Најдобрата покана за овогодинешниот Викенд е фактот дека од година во година, во Ровињ се собираат сè поголем број учесници и врвни предавачи. Затоа, бидете и вие дел од најголемиот медиумски фестивал, подгответе се за најдобрата забава оваа година и понесете со себе добра волја и опуштеност – тоа е единственото нешто што Викенд Медиа Фестивал го бара од вас.



Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”