06 Мај, 2024
0.0250

Виз Ер Скопски маратон на 7ми мај во срцето на Скопје

Објавено во: Мои пари 05 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Денес во просториите на Град Скопје се одржа прес конференција по повод претстојниот Виз Ер Скопски маратон чиј почеток  илјадници натпреварувачи со нетрпение го очекуваат на 7ми мај, недела.Виз Ер Скопскиот маратон полека прерасна во еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.

„За угледот и реномето на Скопскиот маратон исто така говори податокот дека тој е важен и за исполнување на норми за учество на сите најзначајни европски и светски шампионати, како и за Олимписките игри. Заедничката и посветена работа во изминатите години, професионализмот и упорноста во сите сегменти, доведоа до овие видливи резултати и факти. Ќе го потенцирам и тоа, дека за Градот Скопје и за Република Македонија маратонот има и културна, економска и туристичка димензија, потребна за афирмирање на имиџот на нашиот главен град и на нашата држава“, истакна Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје. Тој додаде дека и оваа година за оваа манифестација Град Скопје од својот буџет има издвоено 1.200.000 денари, а ги има ставено и на располагање сите јавни претпријатија под негова ингеренција, кои беспрекорно си ја вршат својата работа и за тоа им упати јавна благодарност.

„Со над 8.500 учесници од  51 држава од светот Виз Ер Скопски маратон повторно ги сруши границите на конвенционалното и од година во година тој станува еден од најпосетуваните и најинтересните настани во Македонија. Како организатори на оваа манифестација секоја година со помош на бројните волонтери, поддршката од институциите и компаниите се предизвикуваме и квалитетот на Виз Ер Скопскиот маратон е се подобар и подобар. Ги покануваме сите да го проследат настанот и да се забавуваат за време на маратонот, полумаратонот, трката од 5 километри и штафетната трка. Како промоторки на Виз Ер Скопски маратон оваа година ни доаѓаат трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лили и Лина Луик, кои минатата година учествуваа на маратонот на Олимписките Игри во Рио.“, порача Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

Од организацијата информираат дека подигнувањето на стартните пакети за Виз Ер Скопскиот маратон 2017 ќе биде на 5ти и 6ти мај во Парк Хотел и Спа од 10 до 19 часот.

Насловниот спонзор на маратонот, Виз Ер, на секој учесник му доделува и вредносен ваучер од 20 ЕУР кој може да се искористи преку www.wizzair.com.

Во склоп на Виз Ер Скопскиот маратон ќе се одржи и Детски мини маратон во сабота, 06.05.2017, во 10.00 часот на кеј на реката Вардар, позади Парк Хотел и Спа. Партнери на Детскиот мини маратон се Македонски олимписки комитет и УНИЦЕФ.

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“