08 Мај, 2024
0.0252

Влада: Немаме ништо против протестот, но имаме најевтина нафта

Објавено во: Економија 28 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Владата откако превозниците денеска го изразија своето незадоволство минувајќи крај „Илинденска“ коментира дека го уважува демократското право на протест на сите граѓани во земјата, но ја информира јавноста дека цената на акцизата на нафтата не предизвика никаков ценовен шок, односно дека напротив, имаме најниска цена во регионот и најниска цена во изминатите 10 години

„Сите средства од зголемувањето на акцизата на нафтата одат во Буџетот на Северна Македонија за справување со коронавирусот за поддршка, за финансирање на мерки за поддршка на стопанството и за социјалните мерки за поддршка на граѓаните. Цената на акцизата е дефинирана врз основа на анализите кои покажаа дека промената на цената е незначителна во споредба со падот на цената на нафтата од јануари до сега. Со падот на цената на нафтата од нешто повеќе од 20 денари од почетокот на годината до сега, промената на цената на акцизата е незначителна во споредба со ова големо намалување“, гласи коментарот на Владата.

Од таму додаваат дека компаниите од транспортната дејност се поддржани и преку Развојна банка на Северна Македонија со антикризните мерки, при што од вкупно одобрените 4.7 милиони евра за бескаматни кредити, 2.1 милион евра се одобрени токму на компании во транспортната дејност.
 
„Поради изнесените факти, тврдењата дека зголемувањето на акцизата ќе се одрази негативно на цените и дека ќе трпи транспортната, или другите дејности врзани за нафтените енергенси, се финансиски неоправдани и неосновани. Во услови кога цената на нафтата е падната за 20 денари, зголемување на акцизата од 3 денари како анти-кризна мерка е оправдано и истото нема да се одрази на цените на транспортните услуги“, додаваат од таму.

Владата смета дека транспортните компании на почетокот на годината кога ги креирале своите финансиски планови не предвиделе ваков пад на нафтата и дека согласно тоа истите веќе остваруваат заштеди по основ на цените на нафтата кои ги плаќаат. 



Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување