Владата прифати: Задолжителен ПЦР тест за граѓаните на Косово, дури и за транзит
Објавено во: Македонија 26 Август, 2020
Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести согласно која сите патници, државјани на Косово коишто поминуваат низ Република Северна Македонија, треба задолжително да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, соопштија денеска од Владата.
Ова следува откако се покажа дека голем дел од државјаните на Косово кои транзитираат низ државата биле позитивни. На почетокот на август, во авион на Визер кој од Скопје слета во финскиот град Турку при од 157-те патници, 24 биле позитивни на корона вирусот. Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.
„Патниците од Косово навистина го нарушија имиџот на нашата земја. Во првиот лет од 24-те позитивни, само двајца беа македонски граѓани, останатите беа со косовски и со фински пасоши. Но знаете како е, секогаш се гледа од каде доаѓа авионот, затоа одлучивме секој граѓанин од Косово кој планира заминување од аеродромот во Скопје да мора да поседува негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, вели во изјава за Фактор, епидемиологот д-р. Сашо Стојанов, член на Комисијата зазаразни болести.