18 Мај, 2024
0.0314

Владата своеволно го толкува извештајот на Репортери без граници во делот за работничките права

Објавено во: Македонија 22 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници е зачуден од толкувањето на македонската влада на извештајот на „Репортери без граници“ за состојбата со слободата на медиумите во Македонија . Соопштението испратено од владината прес-служба со наслов „Владата го одржува нагорниот тренд на Северна Македонија на листата за слобода на медиумите на „Репортери без граници“, претставува своеволно толкување на извештајот и преземање на успесите на други организации и иницијативи на свое конто.

Во соопштението како причини за скокот на листата е наведено подобрувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници, но тоа во извештајот на „Репортери без граници“ не е така нотирано.

ССНМ напоменува и истакнува дека во извештајот на „Репортери без граници како позитивни се истакнати иницијативите и активностите на синдикатот, Здружението на новинари и Советот за етика во медиумите во Македонија притоа означувајќи ги како „многу значајни постигнувања“, но од страна на фелата.

Во извештајот е спомената иницијативата на ССНМ за потпишување на „Повелбата за работните услови на новинарите“ на Европската Федерација на новинари, како и на нацрт фер-договорите за вработување изработени од ССНМ со помош на Меѓународната федерација на новинари од страна на ЗНМ, СЕММ и други медиуми и организации.

„Повелбата за работните услови на новинарите и нацрт фер-договорите за вработување на новинари и медиумски работници во дигиталните медиуми беа потпишани од Самостојниот синдикат на новинари и Медиумски работници во соработка со ЗНМ и СЕММ, со што се обврзаа на почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници, нивното право на слобода на изразување како и етички и професонални стандарди“, стои во резимето од извештајот на „Репортери без граници“.

Повелбата… како и нацрт фер-договорите за вработување се иницијатива на ССНМ со помош на ИФЈ и ЕФЈ кои претставуваат дел од подолг процес кој сè уште трае . Нивното потпишување е поздравено од меѓународните организации, но тоа не значи дека преку ноќ е подобрена состојбата со работничките права во медиумите . Ако Владата сака да има барем минимум подобрувања во оваа сфера потребни се низа законски измени, како и поголема контрола на тоа дали се почитува Законот за работни односи.

ССНМ ја користи оваа прилика уште еднаш да истакне дека работничките права на новинарите и медиумските работници се под постојана закана, наши колеги се соочуваат со правна, социјална и економска несигурност, несигурност на работното место, а прекаријатот е сериозно распространет особено во дигиталните медиуми . Исто така  во голем дел од таканаречените традиционални медиуми не се почитуваат основните работнички права, а во голем дел од нив на сила се директни забрани за синдикални активности што е спротивно на Законот за работни односи.

ССНМ ја поздрави одлуката на владата економските мерки за време на кризата со корона вирусот да важат и за медиумите, но напоменуваме дека ако оваа состојба продолжи тие нема да бидат доволни за зачувување на работните места на новинарите и медиумските работници бидејќи медиумите ќе се соочат со уште поголеми финансиски проблеми.

Новинарите и медиумските работници од почетокот на кризата со коронавирусот се една од најизложените професии во земјава, извршувајќи една од најважните алки во борбата против епидемијата – правовремено и точно информирање на граѓаните. Професионалното известување е еден од најважните фактори во вонредни ситуации како оваа, а новинарите и медиумските работници професионално можат да ја вршат својата работа само доколку се економски и социјално обезбедени.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8