Добивај вести на Viber
Иако со години во Нова Битола се гради Соборниот храм на сите Македонски светитети, овој црковен објект сеуште не е завршен, јавува битолската телевизија Тера.
Проблемот е во немањето доволно финансии и градбата тече бавно. Засега, според Тера телевизија, луѓе кои со донации и свои пари градат дел по дел од овој храм, но за да се заврши барем до карабина ќе бидат потребни многу пари и уште време.
Денеска владиката Петар повика граѓаните да донираат за изградба на црквата.
„ Ако богатите и бизнисмените одделат барем една петтина од својот имот, за седум осум години градбата ќе биде завршена," вели владиката Петар.