04 Мај, 2024
0.0638

Владимир Косијер – нов генерален директор на Пивара Скопје

Објавено во: Мои пари 17 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Од мај 2018-та функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе ја извршува Владимир Косијер. Тој на оваа позиција доаѓа по Јован Радосављевиќ, кој со оваа редовна организациска промена е унапреден на позицијата генерален директор на операциите на Coca-ColaHBC во Романија.

На позицијата генерален директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер доаѓа од Украина каде во изминатите пет години ја извршуваше функцијата менаџер за продажба на Coca-Cola HBC за пазарите на Украина и Молдавија.

Благодарание на неговото лидерство, фокусот кон потребите на потрошувачите и мотивацијата на тимот со кој раководел, компанијата остварила рекордни резултати во продажбата и задоволството на потрошувачите, за што сведочат голем број освоени меѓународни награди и признанија во рамки на Coca-Cola HBC групацијата.

„Навистина со големо нетпрение очекувам и се радувам што ја преземам функцијата генерален директор на Пивара Скопје. Компанијата има одлична репутација во Групацијата како резултат на нејзините успеси и значење за зедницата и секако, нејзините луѓе. Верувам дека со моето искуство ќе придонесам кон натамошниот одржлив развој на компанијата и на натмошните вложувања во сите сегменти што го поттикнуваат тој развој, почнувајќи од нашиот тим, довербата на купувачите и потрошувачите во нашите брендови и секако во заедницата“, изјави Владимир Косијер, пред стапувањето на функцијата генерален директор на Пивара Скопје.

Својата кариера во Coca-Cola системот, Косијер ја започнува пред повеќе од 16 години во Србија, поминувајќи ги сите скалила во комецијалниот сектор и учествувајќи во реализацијата на голем број проекти.

Одличните резултати во досегашната кариера на Владимир Косијер, во комбинација со неговата експертиза, искуство и уникатениот стил науправување со комплексни тимови, се дополнителна гаранција дека под негово раководство Пивара Скопје ќе продолжи сонатамошно зацрвстување на пазарните позиции, одржување на високото ниво на задоволство на потрошувачите и вложувањата во одржлив развој и општествено одговорни проекти значајни за пошироката заедница.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата ПОЛНА ЧАША: www.polnacasa.mk


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото