26 Април, 2024
0.0417

Владо Јаневски и Витаминка го промовираа видео записот за песната Последна заблуда

Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Со промоција на видео записот за песната Последна заблуда, продолжи соработката меѓу Витаминка и Владо Јаневски иницирана уште минатата година. Поддршката од Витаминка за Владозначеше повторно враќање на музичката сцена и заеднички настап на двата најсилни македонски бренда.

„Соработката што ја започнавме со Владо Јаневски минатата година се заокружува со оваа промоција, уште еден од успешните новитети од Владо. Ова своевидно партнерство се роди од заемниот стремеж за создавање на нешто вредно и нешто што остава трага, а според она што го гледаме денес, ни потврдува дека како компанија застанавме зад едно од најзначајните имиња за домашната музичка сцена и создадовме производ на задоволство на сите“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

„Последна заблуда“ е втората песна и видео запис што произлезе од оваа соработка.

Оваа песна е посебна во многу аспекти и токму затоа заслужи да добие оригинален видео запис изработен висококвалитетно и да биде поддржана од компанија што е синоним за квалитет, вредност и постојаност во поддршката за македонската поп музика. Соработката што јас ја имав со Витаминка им ја посакува на сите македонски артисти, затоа што вистинските вредности одат заедно и постигнуваат заеднички успеси“, изјави Владо Јаневски.


Песната е авторско дело на Владо Јаневски кој се потпишува на текстот и музиката, аранжманот е на Никша Братош, се снимаше во загрепското студио NB и Enterprise во Скопје, а снимател и продуцент е Валентино Скендеровски. Продукцијата задолжена за видео записот е Горила под режија на Горан Костадинов, се снимаше на Галичник и Маврово за што беа ангажирани модели од модното студио Црнокрак.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“