ВМРО - ДПМНЕ не го прифаќа предлогот на Заев: Не се знае дали ќе предложи потпреседател на Собранието
Објавено во: Македонија 26 Август, 2020
ВМРО-ДПМНЕ нема да го легитимира нечесниот предлог на Заев кој е само за коалиција, трговија и пазарџиство и од тука нема да го прифати неговиот предлог. Парите треба да се трошат за народот, а не за трговија на Заев, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција. Нечесниот предлог, како го нарекува е тој на мандатарот Заев дека СДСМ ќе се откаже од свој потпреседател на Собранието, ама само доколку и ВМРО-ДПМНЕ го стори тоа.
Сепак и покрај овој став на опозициската партија не е извесно дали партијата воопшто ќе предложи свој кандидат. Во текот на денот поранешениот пратеник Илија Димовски ја повика својата партија да не кандидира потпретседател на Парламентот.
„Ако сме сериозна партија која има намера да застане на своите принципи и критики, ВМРО-ДПМНЕ во знак на прифаќање на критиките на јавноста за непотребниот број на потпретседатели, сам треба да се откаже од позицијата што му следува и да ги покани сите партии кои правеле пазари за овие функции, да го сторат истото, смета Димовски.
Оттаму претходно тврдеа дека се многу пет потпретседатели, а таков став има и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.
Заев денеска во одговор на критиките за ова прашање рече дека СДСМ ќе се откаже од својот претставник на позицијата заменик-претседател на Собранието, но само ако ВМРО-ДПМНЕ прв го направи тоа. Тој смета дека опозицијата манипулира со наводна загриженост.