28 Април, 2024
0.0279

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја обезвредни улогата на Собранието

Објавено во: Македонија 17 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со соопштение до јавноста реагира, посочувајќи дека СДСМ ја погази демократијата, Уставот и законите, само за да изгласа закон со кој се надеваат дека ќе обезбедат поддршка за одржување на неспособната влада.

„Не ги загрижува тоа што цената од неуставниот, неприменлив и штетен закон ја плаќаат граѓаните и државата.Одговорност мора да има и ќе има. Ова што го направија СДСМ и ДУИ е газење на демократијата и покажување брутална моќ и сила“, се вели во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ ја обезвредни улогата на Собранието и го поништи уставното право на пратениците, со амандмани да интервенираат во законските предлози.

 „Партијата која од опозиција ветуваше дебата на секое прашање сега на сила и крајно игнорантски, оневозможи  каков било вид на дебата, туркајќи еден штетен, неприменлив и неуставен закон, кој дополнително ќе ги продлабочи разликите во општеството. Ваквиот однос на СДСМ кон државата и сите оние кои имаат национални чувства се виде со политичкиот прогон поврзан со настаните од 27 април. Патриотите кои го кренаа гласот против катастрофалните политики на СДСМ на секое поле, први на своја кожа го почувствуваа политичкиот прогон кој го спроведува оваа власт. Тие се најдоа во притвор со цел да се одвлече вниманието на јавноста од реалните и суштински проблеми на граѓаните и да се испрати порака на заплашување“,се вели во соопштението.

Според  ВМРО-ДПМНЕ, додека вистинските криминалци се на слобода, патриотите и неистомислениците на Заев се по затворите. 

„Македонија мора повторно да стане правна држава, патриотите да се ослободат од притвор и од конструираните обвиненија и да се почитуваат Уставот и законите во државата. Судовите мора да прекинат да бидат главни соучесници во политичкиот прогон. Политичкиот прогон мора да запре веднаш, а судот да се ослободи од стегите на власта. Владата на СДСМ место да се фокусира на политички прогон и реваншизам кон сите оние кои не се согласуваат со овие катастрофални политики, да го насочи своето внимание кон решавање на проблемите на граѓаните кои од ден во ден се се‘ поголеми токму поради неспособноста на Зоран Заев и неговите соработници“,се додава во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце