28 Април, 2024
0.0295

ВМРО-ДПМНЕ: Ја загрозија препораката за ЕУ со насилното гласање

Објавено во: Македонија 16 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во најновата реакција потенцира дека владејачкото мнозинство со инсистирањето да се гласа за Законот за употреба на јазици без амандманска расправа и без почитување на пошироката политичка волја ја доведе во прашање чистата препорака на Европската комисија за започнување на преговори за членство во ЕУ.

Зоран Заев и Талат Џафери режираа разочарувачки ден во Собранието, доведувајќи ја во прашање препораката за отпочнување на преговори за ЕУ. Ова е реакција на амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние во врска со насилничкото и недемократско носење на штетниот закон за двојазичност, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ го погази деловникот за работа на Собранието. Владеачкото мнозинство ја спречи амандманската расправа и насилно го прогласи неуставниот закон за двојазичност за изгласан. СДСМ ја обезвредни улогата на Собранието и пратениците и на сила истурка закон без да го испочитува правото на пратениците со амандмани да интервенираат во истиот.

Законот ваков каков што насилно го истурка власта е неуставен, неприменлив и штетен. За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот закон е неприфатлив.

Насилното гласање е одлика на недостатокот на демократски капацитет на оваа власт. СДСМ покажа дека не знае да менаџира со државата за доброто на граѓаните. СДСМ во изминатава година демонстрираше насилств, незнаење, расипништво и злоупотреба на законите и институциите.   Законите и институциите беа злоупотребени за пресметка со политичките неистомисленици на власта. Правосудните органи ги заборавија Уставот и законите и се ставија во служба на СДСМ, неосновано ставајќи во притвор десетина патриоти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце