ВМРО-ДПМНЕ: Макрадули не верува во мерните станици кои не се под државна капа
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2020
Макрадули не верува во мерните станици кои не се под државна капа и смета дека загадувањето е драстично намалено, но Скопје повторно е на листата на најзагадени градови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Не е точно дека Скопје редовно се наоѓа меѓу петте најзагадени градови во светот“, изјави претходно заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, кој тврди и дека не се точни податоците од мерењата на воздухот, кои често пати се појавуваат на социјалните мрежи.
Податоците од, како што вели Макрадули, „Али експрес“ сензорите, непотребно прават паника меѓу луѓето.
Македонската престолнина вечерва е 27-ма на листата на најзагадени градови во светот.