ВМРО-ДПМНЕ пронајде нов пејач
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2020
Ѓорѓија Сајкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи објави дека најголемата опозициска партија во Македонија ќе соработува со естрадниот пејач Спасен Силјаноски.
Станува збор за пејач кои во песните на своите настапи знае да внесува стихови против Зоран Заев, лидерот на СДСМ, а за изведбата „Судбина тешка“ тврди дека сакале да му ја цензурираат, односно да ја забранат,
Интересно е тоа што соработката со Силјаноски доаѓа истовремено кога оперскиот пејач Игор Дурловски објави дека повеќе нема да биде пратеник во Собранието.