04 Мај, 2024
0.0273

ВМРО-ДПМНЕ уште не се откажува од „парите на Димитров“

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ се уште смета дека Никола Димитров, министерот за надворешни работи, треба да се откаже од стипендијата од 40.000 долари што лани комисија и ја додели на неговата најстара ќерка Јана за студирање во Утрехт.

Димитров образложи дека се работи за студенти кои не се запишале каде било во странство, туку во најдобрите 100 во светот и дека немало конкуренција на листата за добивање стипендии, бидејќи не била исполнета и имало уште простор.

Додека учениците немаат книги власта одвојува 40.000 долари за ќерката на Никола Димитров да учи во Холандија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Додека секојдневно зборува за европски стандарди, на дело манифестира комунистички манири. Доколку Димитров навистина се залага за ЕУ стандарди тој треба да ги врати парите или да си поднесе оставка. Граѓаните очекуваат одговорност, а не затскривање. Додека Димитрови земаат високи стипендии во Македонија студентите спиеја по дворови на студентски домови затоа што МОН ненавремено ги објави списоците со примени студенти. Додека Димитрови земаат 40.000 долари студентите го чекаат на големо најавуваниот студентски град, кој требаше веќе една година да се гради како што ветуваше СДСМ, се наведува во соопштението.

Од партијата наведуваат дека лажно декларираната ЕУ заложба граѓаните веќе јасно ја гледаат и дека СДСМ под превезот на ЕУ интеграции, врши непотизам и криминал.


Можеби ќе ве интересира

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин