08 Мај, 2024
0.0258

ВМРО-ДПМНЕ: Власта свесно предизвика инциденти и ја злоупотреби македонската полиција

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта свесно предизвика нереди, инциденти и потоа уште еднаш ја злоупотреби македонската полиција.

Колатерална штета се недолжни граѓани, возрасни луѓе, новинари, жени, за жал и мали деца, изјави денеска на прес - конференција Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашните нереди пред Собранието.

„Настаните вчера пред Собранието беа дел од свесно и смислено сценарио исклучиво на власта. Зад таквото дело не стои друг туку самата власт. ВМРО-ДПМНЕ сакаат свесно да ја вовлечат во ова сценарио, за потоа да ја оцрнат и прикажат за радикален елемент, за да може пред меѓународната и домашна јавност да ја деградираат во борбата против капитулантското дело за промена на уставното името на Република Македонија од страна на Зоран Заев“- рече Димовски.

Вели дека целта е „граѓаните да се дисциплинираат, исплашат и дистанцираат, а Заев да се прикаже за конструктивен фактор.

„Сакаат да го деградираат и правото на мирен протест кој секој еден од нас го има, вклучително и во иднина тоа да не се практикува. Сакаат граѓаните да ги доведат во една нова апатија, додека тие продолжуваат со понатамошното опустошувањето на државата. Всушност Зоран Заев посакува нов 27-ми април за да може подоцнa себе си да се прогласи прво за жртва, па потоа за наводен спасител“- изјави Димовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат народот да не потпаѓа на провокации. 

Можеби ќе ве интересира

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње