ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да си даде оставка и да си замине пред штетите да бидат преголеми
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2018
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека премиерот Зоран Заев ги прифати грчките црвени линии со кои се менува идентитетот и се брише македонската историја, традиција и култура.
Според нив, понижувачки и потценувачки е фактот што Зоран Заев се повикува на историските учебници кои тој преку договорот со Грција прифати да ги менува и ревидира.
„Истиот тој Зоран Заев кој во своите говори се повикува на историските учебници од кои учеле генерации граѓани на Република Македонија, кој во своите говори се повикува на македонските револуционери и дејци, истовремено формира комисија чија основна цел ќе биде менување и ревидирање на историските учебници и македонската историја. Формирањето на таквата комисија е јасна потврда за бришењето на македонската историја и македонската традиција, што се прави со штетниот договор со Грција. Тоа е вистината за штетниот договор која Заев сака да ја сокрие од граѓаните. Зоран Заев преку овој капитулантски договор го продава идентитетот, историјата, културата и традицијата. Капитулантскиот договор е на целосна штета на државата“- велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека Зоран Заев мора да си даде оставка и да си замине пред да штетите по државата да бидат преголеми.