ВМРО-НП: Граѓаните да ги бојкотираат концертите на музичките групи од поранешна Југославија

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2025
ВМРО-НП на екс премиерот Љубчо Георгиевски повика на бојкот на концертите на музичките групи од поранешна Југославија.
Економската комисија на ВМРО-Народна партија констатира дека во последната година имаме драстично поскапување на музичките услуги, а со тоа како на концертните така и на билетите по дискотеките на сите музички групи од поранешна Југославија кои доаѓаат во нашата држава и притоа ги преполнуваат дискотеките и концертните сали.
„Така на пример само за настап во дискотека на група или пејач поединец од бивша Југославија цената се движи околу 30.000 евра. Предлагаме кон општиот бојкот на потрошувачите на македонските маркети да се додаде и бојкотот на сите овие настапи, со што на тој начин македонскиот потрошувач не само што ќе заштеди лично повеќе средства, туку и ќе ѝ помогне на македонската музика, а и на македонската економија во целина“, соопшти ВМРО-НП.
И претходно имало критики во јавноста дека пејачите од бившите југословенски држави добиваат високи хонорари за настапите во земјава, што не е случај со домашните пејачи. За Нова година и многу други прослави во Македонија, настапуваа естрадни ѕвезди од регионот. Дури имаше и случаеви кога македонските пејачи се жалеа дека не биле исплатени за настап на Нова година во Скопје.Можеби ќе ве интересира
МУ ПРАТИЛЕ ПОРАКА ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ: Мислел ќе се види со девојката, но добил ќотек

ЈАНДРОКОВИЌ: За жал вашите преговори формално уште не се отворени и тоа не е коректно

КОЧОСКА ЗА КАВГАТА СО ПЕТРОВСКА: Оставете на времето, за многу скоро ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

ХРВАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМААТ КОРИСТ ДОКОЛКУ ХРВАТСКОТО МАЛЦИНСТВО СЕ ВКЛУЧИ ВО УСТАВОТ - ова му беше пренесено на претседателот на Собранието, Јандроковиќ
„ГРАЃАНИТЕ ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ, МИЦКОСКИ ПАТУВА СО ПРИВАТЕН АВИОН“: СДСМ бара одговори колку чини патот до Будимпешта

МАКЕДОНЦИТЕ КУПУВААТ ОБЛЕКА ОД ВТОРА РАКА ОД ЕКОНОМСКИ ПРИЧИНИ: Знаат ли дека со истото ја штитат и околината?

МОТИВОТ „ОМРАЗА“ НЕ Е ДОКАЖАН: Напаѓачите на Пендиков сепак добија затворски казни

ОСМАНИ: Нека направи Мицкоски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни
