15 Мај, 2024
0.0265

Внимание: Загревањето на некоја храна е опасно за здравјето

Објавено во: Стил 30 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

При затоплувањето на некои јадења се добиваат штетни и токсични материи.

Подгревањето на храната обично не се препорачува, бидејќи повеќето соединенија со подгревањето стануваат штетни, губат хранливи својства, ензими или стануваат токсични.

Спанаќот, цвеклото и целерот содржат нитрати, кои под дејство на микроорганизми и топлината создаваат нитрозамини - соединенија кои се многу штетни и канцерогени. Спанаќот е најопасниот во оваа група, затоа секогаш користете го во свежа форма.

Печурките лесно го менуваат составот и стануваат штетни при загревањето. Најдобро е само да ги загреете малку на температура до 70 степени.

Компирот исто така припаѓа во групата на храната, со чие затоплување треба да се внимава. Со загревањето, компирот може да ги загуби своите хранливи својства. Последните истражувања покажуваат дека повеќето компири се здрави, оној кој е сварен, но студен. Всушност, со ладење на компирот се зголемува резистентен скроб што има пробиотски својства.

При затоплување месото станува непрепознатливо за нашиот организам поради промените во протеините. Затоа не е добро месото да биде подготвено на многу високи температури.

Високо ризична храна, која не трпи загревање е онаа која инаку се обработуваа при ниски температури, како пилешко, варена и пушена риба (лосос, скуша, треска), сурови или недоволно зготвени ракови и школки, млечни производи и храна, направени со млеко, сирење и јајца.

За јадења со овие состојки загревањето не треба да биде опција.

Затоплување трпат само јадењата кои содржат цели зрна, бидејќи најмалку ја губат хранливата вредност и составот при подгревањето останува релативно непроменето. Тука се вклучуваат: ориз, просо, амарант, јачмен и овес.

Совети за затоплување на храна - Загревање на супа е прифатливо, ако се отстрани месото и зеленчукот и ја загреете само течноста, оваа постапка се препорачува и за чорби. Не загревајте го целото тенџере постојано, бидејќи тоа е опасно. Загрејте само колку ќе конзумирате.

Загревање, ладење и повторно загревање е многу штетно - Вода, која е зовриена е идеален начин за затоплување на месо и риба, бидејќи на тој начин благопријатната температура ги загрева, но не предизвикува формирање на штетни материи во храната.