Добивај вести на Viber
Повеќе забрани за движење на возила и сообраќајот низ државата по суви и чисти коловози има на почетокот на овој викенд, јавува АМСМ. Притоа е забранет сообраќај на тешки товарни возила над 15 тони за време на викендот, времена мерка која ќе важи до крајот на месец август.
Забраната за камиони почнува секој викенд во петок од 17 до 22 часот; сабота од 09 до 18 часот и недела од 09 до 22 часот, а во денови со многу високи температури, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11 до 17 часот.
На патниот правец Гостивар – Охрид од 1 јули 2013 има ограничен режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во петок од 15 до 24 часот, сабота и недела 07 до 24 часот и ќе важи до 1 септември 2013 година.
Во сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до први септември со цел да се зачуваат улиците од оштетување поради притисокот на камионите врз асфалтот на високите температури.
Ограничување има и на патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, кеде што сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри, а поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента.