04 Мај, 2024
0.0342

Внимавајте, измами демнат на Фејсбук

Објавено во: Стил 12 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Хакери ги бараат банкарските сметки на пријателите во ваше име.

Измамници хакираат профили на социјалната мрежа Фејсбук и бараат  банкарски сметки на пријатели во ваше име.

Откако ќе ги добијат овие податоци, измамниците ги користат за да платат одредена стока или услуга. Може тоа да биде скапа техника,  авионски билети или други производи кои понатаму ќе ги продадат.

Ова сепак се најлесните случаи. Имало случаи каде организирани криминални групи „оперирале“ на територијата на целиот свет. Ваков случај имало во Нигерија, а за истото се осудени и бугарски државјани.