02 Мај, 2024
0.0259

ВО АВТОБУС ВО ГЕРМАНИЈА ИМАЛО ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА - уапсен и испрашуван бил српски државјанин

Објавено во: Свет 22 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Српскиот државјанин (30), кој беше уапсен синоќа во Германија под сомнение дека држел заложници во автобусот на „Ласта“, бил испрашуван во текот на ноќта, потврди утрово полицијата.

Засега не е познато што тој рекол на сослушувањето, ниту каква е неговата психичка или физичка состојба.

Србинот бил уапсен по четиричасовна блокада на автопатот помеѓу Хилполштајн и Грединг, бидејќи, како што се сомнева, зел како заложници тројца возачи. Претходно, во автобусот, кој патувал за Србија, дошло до тепачка во која полесно биле повредени еден маж и една жена. Според медиумите, поради конфликтот, автобусот застанал во коловозната лента на автопатот, по што пристигнала пријава дека во возилото има вооружен маж.

„Човекот во автобусот тврдеше дека има пиштол и дека ќе ги убие сите. Имаше физичка пресметка помеѓу неколку патници и двајца беа полесно повредени“, објави полицијата доцна синоќа, како што објави Телеграф.

Откако го запреле возилото, патниците успеале да избегаат од автобусот, а тројцата возачи и осомничените останале внатре. 

Полицијата потоа го блокирала автопатот и испратила специјални единици на местото на настанот за да преговараат со осомничениот. Медиумите пренесуваат дека преговорите биле тешки бидејќи речиси никој од луѓето што биле во автобусот не знаел германски.

Извор: Блиц.рс

Можеби ќе ве интересира

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија