29 Април, 2024
0.0258

ВО БУГАРСКОТО МНР ПОВИКАН СРПСКИОТ АМБАСАДОР: Ширеле омраза кон Бугарија и Бугарите

Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Се разнишаа српско - бугарските односи. Софија се скара и со Белград. Српскиот амбасадор е повикан во бугарското МНР. 

Српскиот амбасадор во Софија беше повикан во Министерството за надворешни работи поради, како што се оценува, антибугарското и на моменти расистичко однесување на српскиот професор на универзитетот во Белград, Драган Симеуновиќ, кој е в.д. Директор на Националната агенција за безбедност во српскиот главен град.

„На 5 февруари, амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ беше повикан на итен состанок во Министерството за надворешни работи со директорот на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Дејан Катрачев. Повод за средбата беа изјавите на Драган Симеуновиќ, професор на Факултетот за политички науки на Државниот универзитет во Белград и в.д. директор на владината Академија за национална безбедност. Бугарската страна оцени дека неговите изјави се јасна манифестација на јазик што влева трајна омраза кон Бугарија и Бугарите. Беше истакнато дека ваквите јавни изјави се целосно неприфатливи и се спротивни на добрососедските односи и пријателството меѓу двата народа. Бугарската страна очекува соодветна реакција од српските власти и институции “, соопштило Министерството за надворешни работи за БГНЕС.

БГНЕС потсетува дека во ТВ-емисијата „Српски свет“ Симеуновиќ повеќепати ги нарекувал Бугарите „зверови што убиваат сè пред себе“. Во интервјуто тој исто така вели: 

„Бугарите се познати по своите злосторства, кои ги правеа каде и да стапнат на земја. Германците само убиваа, додека Бугарите и нивната војска се потсмеваа на жртвите. Тие имале и тим за силување. Вообичаена практика била да се прободуваат деца со бајонети од пушки и да се силуваат жени пред нивните роднини.Бугарите вадеа  бебиња од утроби на бремени жени и потоа ги гореа живи. Да не ја заборавиме бугаризацијата исто така. Тие убиваа свештеници и наставници во Србија, а потоа воведуваа бугарско образование во училиштата“.

Според него, Бугарија продолжува да бара територии во Србија во близина на градот Крушевац и ја обвинува Србија за геноцид врз Бугарите во средниот век. Во ТВ емисијата Симеуновиќ неколку пати го употребил терминот „примитивни“  за соседите на Србија. Во разговорот, тој го нарекува „голем српски херој“ Коста Печанац, кој убил десетици бугарски цивили во Босилеград. 

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева неодамна побара да се отвори Бугарски културен центар откако премиерот Зоран Заев најави Српски културен центар. Но,  Бугарски културен центар со години постои во Македонија. 

Веќе имаше реакција во Србија по нападите и критиките од Бугарија зошто во Македонија е донесена одлука за враќање на српскиот јазик како изборен предмет во училиштата. 

Поранешниот српски амбасадор во Русија, Бугарија, Белорусија, Среќко Ѓукиќ,  коментирајќи ја за агенцијата Бета активноста на министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ во првите 100 дена од српската Влада, оцени дека неговата работа не заслужува позитивна оценка,  и наведе дека не реагирал на прозивките од Бугарија. 

фото БГНЕС

Можеби ќе ве интересира

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија