Добивај вести на Viber
На црногорскиот дел од Јадранот започнува изградба на уште еден туристички град, на полуостровот Луштица во општина Тиват, а инвеститор е швајцарската компанија „Ораска“, односно, нејзината фирма „Луштица девелопмент“.
Како што е соопштено, до сега веќе се продадени 120 куќи и вили во идната населба на Луштица, каде вчера беше одбележан почетокот на изградбата на една од двете марини.
На полуостровот ќе бидат подгинати и седум хотели со 1.200 соби, како и 1.500 станови, голф терени и други туристички содржини.
Целиот проект, наречен "Luštica Bay", вреди повеќе од милијарда евра.