ВО ЕВРОПА БЕЗ ВИЗИ: ЕП ја усвои визната либерализација за Украинците
Објавено во: Свет 06 Април, 2017
Европскиот парламент го одобри неформалниот договор со Советот, со што отпадна барањето за издавање на визи за украински граѓани за краток престој на територијата на ЕУ. Со промените украинските граѓани ќе можат да влегуваат на територијата на ЕУ без виза за 90 дена во рамките на секој 180 дена со цел туризам, посета на роднини или пријатели, или за деловни цели, но не и за работа, ако поседуваат биометриски пасоши.
Визната либерализација ќе важи за сите земји од ЕУ со исклучок на Ирска, Велика Британија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
„Украина ги исполни сите критериуми, а принципот по кој опстојуваме во ЕП, е укинување на визите при исполнети сите критериуми“, изјави известувачот Марија Габриел. Таа додаде дека укинувањето на визниот режим ќе биде уште една порака дека Украина е клучен партнер за ЕУ . Одредбата допрва треба да биде официјално одобрена од Советот на министрите. Најверојатно промената ќе стапи на сила во јуни - 20 дена откако ќе биде објавена во службениот весник на ЕУ.
Пред елиминацијата на визите за украинските граѓани ЕУ го зајакна механизмот за суспензија на безвизниот режим, за да се овозможи полесно воведување на визи во исклучителни ситуации.