Во киндер јајце чувал дрога за продажба
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2020
Велешанец во киндер јајце во гаќи го чувал хероинот за продажба.
Осомничениот, на 10 месецов во својот дом, неовластено заради продажба држел наркотична дрога хероин од 9,87 грама.
Дрогата била спакувана во 49 мали најлонски пакувања, сместени во едно топче од киндер-јајце скриено во долната облека што ја носел на себе.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото 24 годишно лице му определи притвор во траење од 30 дена.
Тој ќе одговара за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.