Во кобната тепачка на Закинтос смртоносниот удар на Американецот зададен со метален „боксер“?
Објавено во: Балкан 18 Јули, 2017
Aдвокатот Зора Добричанин изјавила дека нејзиниот клиент Душан Ранковиќ, осомничен за убиството на Бакари Хендерсон на Закинтос, повторно вчера е изведен пред суд.
„Ранковиќ е изведен пред суд како би провериле дали на него нешто му е познато во врска со металнот предмет „боксер“, а тој изјавил дека му е познато дека сите овде зборуваат дека сопственикот на кафичот Амир од обезбедувањето тоа го додал во текот на тепачката, но дека тој лично не видел бидејќи во тој момент не бил при себе, но дека има луѓе кои тоа го виделе“, рекла адокатката.
Неофицијално, медиумите од регионот пишуваат дека смртоносната повреда на Бакари Хендерсон му е зададена со метален „боксер“.