Во напад со дрон, САД го ликвидираа лидерот на Ал Каеда во Сирија

Објавено во: Свет 23 Октомври, 2021
Лидерот на Ал Каеда Абдул Хамид ал-Матар бил убиен со беспилотно летало во Сирија, објави американската војска два дена по нападот врз базата во Сирија на анти-џихадистичката коалиција предводена од САД.
„Отстранувањето на овој висок лидер на Ал Каеда ќе ја наруши способноста на терористичката организација да планира и изведува напади што им се закануваат на граѓаните на САД, нашите партнери и невините цивили“, изјави во петокот портпаролот на американската Централна команда (ЦЕНТКОМ), мајор Џон Ригсби.
Нападот со беспилотно летало се случи два дена по нападот на американска база во јужна Сирија, но Ригсби во писмената изјава не кажа дали нападот со беспилотно летало е извршен како одмазда, пренесува Ројтерс.
Нападот е извршен во регионот Солук, на северот на Сирија, кој е под контрола на Турција, пишува агенцијата АФП.
„Не утврдивме дека има цивилни жртви во нападот, кој беше извршен од дрон MQ-9“, се вели во соопштението.
Ал Каеда продолжува да им се заканува на Соединетите Држави и нивните сојузници и „ја користи Сирија како база за повлекување за да се прегрупира и координира со своите ограноци и да планира операции во странство“, рече Ригсби.
Кон крајот на септември, Пентагон елиминираше „уште еден висок лидер на Ал Каеда“ во Сирија, Салим Абу-Ахмад, за кој рече дека е одговорен за „планирање, финансирање и одобрување трансрегионални напади“ извршени од организацијата.
Околу 900 американски војници се распоредени во североисточна Сирија и соработуваат со Демократските сириски сили (ФДС) и во базата Ал Танф на југ во близина на Ирак и Јордан.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
СРБИНКА ЈАДЕЛА ВО РЕСТОРАН КАДЕ ВЕЧЕРА ЧИНИ КОЛКУ СТАН ВО БЕЛГРАД - ја служел Нусрет лично, а еве како поминала кога го изнел главното јадење
НА ИЗРАЕЛ МУ ОСТАНАА УШТЕ 20-ТИНА ДЕНА - Американците дале рок да се заврши војната во Газа

ПУТИН ТРГНУВА ВО ПОХОД НА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ - дали ќе има противкандидати? ЕВЕ ШТО ПОРАЧА НАВАЛНИ

ТРОШЕЛ НА ЕСКОРТ ДАМИ, ДРОГА И АВТОМОБИЛИ - на синот на Џо Бајден му се заканува казна од 17 години затвор

МИ ДАВАА ТРИ МЕСЕЦИ ЖИВОТ: По 35 години јас уште сум тука, а имав само пет отсто шанси да го победам ракот

ОРБАН НЕ ОТСТАПУВА: На состанокот на Европскиот совет треба да се воздржиме од приказната за членство на Украина во ЕУ

EКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО ТУНЕЛ ВО ГАЗА: Загина синот на израелски министер
