05 Мај, 2024
0.0267

Во продажба првите кукли со физички попречености

Објавено во: Стил 18 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Компанијата ,,Makies" која произведува играчки, ја лансираше првата серија на кукли со физички попречености.

Идејата започна со кампањата ,,Играчка како мене", со која родителите на деца со физички попречености сакаа да и покажат на оваа индустрија дека ги исклучува овие деца во нејзините производи.

Компанијата нуди опција „создади сопствена кукла“, преку која децата и нивните родители може да дизајнираат или да нарачаат тип на играчка преку страницата mymakie.com.

До сега се произведени три кукли, од кои едната е со белег на лицето, втората со слушно апаратче, и третата со стапче за одење.